Loading Video...
Кошарка
5. May 2021 - 17:16

Во петок и сабота завршница на женскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур 2021“

Со денешната прес-конференција, на која присуствуваа претставници на четирите клуба Кошаркарската Федерација го најави одржувањето на завршниот турнир од во Купот на Македононија кој од годинава го ниси името на легендарниот „Благоја Георгиевски Буштур“ во женска конкуренција.
 
Во полуфиналето закажано за петок (7мај) ќе играат Бадел и Крива Паланка, односно екипата на Вардар која го освојуваше купот во последните три изданија (2017, 2018 и 2019 година) за место во финалето ќе се бори со тимот на Баскет КАМ.
 
Дуелот за куп трофејот односно финалето е закажано за во сабота (8 мај), а сите натпревари ќе се играат во големата сала на СРЦ „Кале“