-->
-->
Во Пијанечко-малешевскиот регион само еден активен случај на Ковид-19
-->
Добра вест за беровчани и пехчевци. Два од трите позитивни случаи на вирусот Ковид-19, денес се регистрирани како оздравени пациенти, со што на крајниот Исток во моментот има само еден позитивен случај на коронавирус. Како што информираа од Здравствениот дом во Пехчево, пациентот е во стабилна состојба и се очекува и тој наскоро да влезе во статистиката на оздравени пациенти.
-Денеска имаме добра вест да споделиме со граѓаните на Пехчево и да соопштиме дека еден од пациентите кој пред 14-тина дена брше регистриран како позитивен на вирусот е оздравен. Станува збор за пациент кој претходно со својата пожртвуваност активно се вклучи во поддршката за спречување на заразата во нашата општина, информираат од Здравствениот дом во Пехчево.
Од таму се надеваат дека наскоро и последниот случај кој е позитивен на вирусот ќе влезе во статистиката на оздравени пациенти, со што во Пехчево, повеќе нема да има граѓани кои се позитивни на Ковид-19.
Во меѓувреме, како што соопштија од Министерството за здравство оздраве и пациентката од беровското село Владимирово, која беше прв и единствен позитивен случај на коронавирус во Берово.
Според најновите податоци во моментот во четирите општини кои потпаѓаат под Пијанечко-малешевскиот регион, Берово, Делчево, М.Каменица и Пехчево има само 1 активен случај на коронавирус, додека од четирите случаи на вирусот од почетокот на пандемијата, во овие општини само 1 пациент од Делчево е единствениот кој според Министерството за здравство почина од коронавирус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација