Свет
5. September 2017 - 8:38

Во Порторико прогласена вонредна состојба поради ураганот Ирма

Гувернерот на Порторико, Рикардо Росело денеска прогласи вонредна состојба и ја активира Националната гарда поради доаѓањето на ураганот Ирма.

- И покрај економските предизвици со кои се соочува Порторико, одобрен е буџет за итни случаи во висина од 15 милиони долари, истакна Росело.

Порториканските власти за да им помогнат на граѓаните да се подготват за невремето донесоа одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи, лековите, електричните генератори и батериите.