Балкан
24. February 2021 - 10:06

Во пожар во привремен бегалски камп во Грција загина дете

Едно дете загина во пожар во бегалски камп северно од Атина, соопшти утрово грчката противпожарна служба.

Детето веќе не дишело кога пожарникарите пристигнале синоќа во кампот Теба, околу 50 километри северно од Атина.

Полицијата интервенираше бидејќи барателите на азил го блокираа пристапот до објектот што гореше. Истрагата за причините за пожарот е во тек.