Македонија
21. July 2021 - 12:29

Во Прилеп зголемена заинтересираноста за имунизација

Голема заинтересираност кај прилепчани за имунизација во изминтиве 10 дена откако влезот на пунтот за вакцинација е слободен и без закажан термин. За овој период од 10 дена се вакцинирале околу 4.000 граѓани на пунктот во Прилеп, а со теренската вакцинација во овој период се имуниизиирале 800 граѓани. 

„Досега во Прилеп на овој пункт се вакцинирани 25.000 граѓани со прва доза од кои над 6.000 граѓани се вакцинирани со двете дози. За податокот во другите пунктови, во Битола и во Кавадарци немам конкретна бројка, но мислам дека процентот на имунизирани граѓани со прва доза во нашиот град е над 30%. Од кои пак 30% се вакцинирани до двете дози“, вели Кети Смилеска, директор на општа болница Прилеп.

Доколку се продолжии со ова темпо на вакцинација надлежените се надеваат дека дека до крајот на месец август со двете дози би се вакцинирале 25% од граѓаните на Прилеп, што било задоволително ниво за постигнување на одреден степен на колективен имунитет и спрелчување на нов бран на Ковид 19.

„Денес имаме дози на фајзер за младата популација од 12 до 17 години, имаме доза на Синовак и Астра Зенека и ревакцина на Фајзер. Се надеваме дека ќе продолжи така и дека до крајот на август ќе се имаме голема бројка на имунизирани граѓани коии што ќе бидат и со прва и со втора доза се со цел да се спречи доаѓањето на новиот бран“, рече д-р Елена Јосифовска, општа болница Прилеп.

Лекарите велат дека се повеќе се зголемува бројот на граѓаните од помладата популација кои сакаат да примат вакцина. Инаку овој пункт во Прилеп во спорстката сала во медицинското училиште ќе функциионира со септември, кога се очекува почетој на учебната година и истиот ќе мора да биде преместен на друга локација.