Македонија
11. December 2016 - 18:24

Во Ресен излезност од 57 проценти до 17 часот

Во општина Ресен до 17 часот излезноста е 57 проценти, информира претседателот на Општинската изборна комисија Сашо Пецалевски.

Од регистрирани 16.562 гласачи во избирачкиот список на 50 избирачки места, според него гласале 9.544 лица.

- Изборите течат во мирна, фер и демократска атмосфера. Нема нерегуларности. Имаше краток прекин на електрична енергија во неколку села во правецот кон Долна Преспа, но по интервенција на екипи на ЕВН, проблемот е надминат и гласањето продолжи, изјави Пецалевски.