Македонија
14. September 2016 - 10:30

Во Ресен се врши дезинсекција за уништување комарци

Јавната здравствена установа-ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола почна дводневна акција со која се реализира третата фаза од теристичката дезинсекција за уништување комарци на територијата на општина Ресен.

ОД ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола информираат дека акцијата почна синоќа и се одвивала до раните утрински часови, а ќе продолжи вечер од 20 часот.

- Со дезинсекцијата опфатени се зелените површини на крајбрежјето од Преспанското езеро и туристичките локалитети Стење, Царина, Отешево, Сирхан, Асамати, Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени, како и населените места Езерани, Долно Перово, Подмочани, Грнчари, Асамати, Штрбово и Наколец. Исто така дезинсекција ќе се врши по течението на Брајчинска Река, Кранска Река и Голема Река и колекторскиот систем на селото Езерани, соопштуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје-Битола.

Акцијата за дезинсекција на подрачјето на општина Ресен се одвива со буџетска поддршка и соодветна програма на Советот на општина Ресен.