Живот
11. July 2017 - 8:30

Во САД пронајдено вино старо два века

При реновирање на музејот Либерти хол во Њу Џерси, пронајдено е вино старо речиси колку и Соединетите Американски Држави.

Музејот соопшти дека се пронајдени три полни кутии со вина од Мадеира, коишто датираат од 1796, како и 42 стаклени кригли од 1820-тите. Куповната вредност на артефактите засега не се соопштува.

Историјата пак, вели дека тогашните 13 американски колонии купувале 95 отсто од виното произведено на португалскиот архипелаг Мадеира.

- Тоа било најпогодно за транспорт во 18. век, оти скоро никогаш не се расипува. Може да отстои и со векови, доколку се чува како што треба, објаснува директорот на музејот, Бил Шрох.