-->
-->
Во Санкт Петербург убиени четворица осомничени екстремисти
-->
Во акција на припадници на руската служба за безбедност во Санкт Петербург убиени се четворица вооружени екстремисти, соопшти портпарол на истражниот одбор. Владимир Маркин.
Операцијата била спроведена во станбена зграда која од утрово била под опсада на припадници на Федералната безбедносна служба.
Акцијата била спроведена против поединци кои биле на потерници заради припадност во екстремистички групи од територијата на Северен Кавказ. Тие биле осомничени и за нелегална трговија со оружје, муниција и експлозиви.
– За време на опсадата четворицата осомничени даваат отпор. Следуваше размена на оган во која се убиени сите четворица осомничени, изјави Маркин. Во акцијата не е повреден ниту еден руски припадник на ФБС.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер