Свет
1. December 2016 - 17:50

Во Шпанија уапсени 34 лица за местење на тениски мечеви

Вкупно 34 лица се уапсени, меѓу нив и шестмина тенисери во широката полициска операција спроведена на територјата на Шпанија и Португалија за местење на тениски мечеви.

Во соопштението на шпанското Министерство за внатрешни работи не се споменува за кои шетсмина тенисери станува збор, како што не се отрива и идентитетот и функцијата на другите 28 уапсени.

Сите уапсени тенисери се обвинети дека намерно ги губеле своите натпревари и тоа се повторило во најмалку 17 различни сучаи.

Властите во Мадрид велат дека заработувачката на сите уапсени луѓе од нечесното однесување, изнесува повеќе од 500 илјади евра.

Во јануари оваа година, неколку европски медиуми тврдеа дека е откриено раширено местење на резултатите на тениските мечеви, на највисоко ниво во светскиот тенис.

Медиумите тогаш тврдеа дека станува збор за 16 тенисери кои биле рангирани меѓу првите 50 во тенискиот спорт во светот, во изминатата деценија.

Тениските форуми најавија дека ќе ги испитаат сите сомнителни случаи, но ниту еден играч, вклучувајќи и победници на Гранд слем турнири, не беа исклучени од натпреварувањата.