Во Шри Ланка екстрадирани околу 200 исламски свештеници
Во Шри Ланка се екстрадирани 600 странци, вклучително и 200 исламски свештеници.
Властите ја донесоа оваа одлука по серијата координирани самоубиствени атентати што се случија за Велигден.
За нападите беше обвинета локална џихадистичка група поврзана со Исламска држава.
Министерот за внатрешни работи, Ваџира Абејвардена изјави дека свештениците влегле во земјата незаконски. Тоа е констатирано при извршени проверки по затегнатите безбедносни мерки во земјата и е одлучено да бидат екстрадирани поради изминатиот рок на визите, за што им е наложена и глоба.
– Со оглед на тековната ситуација во земјата, направивме преглед на сите издадени визи и одлучивме да го заостриме визниот режим за верските проповедници, рече Абејвардена.
За Велигденските празници загинаа 257 лица, а околу 500 беа повредени. Нападите беа координирани од страна на локален исламски свештеник кој патувал во соседна Индија и дошол во контакт со џихадистите.
Министерот за внатрешни работи не прецизираше од која националност се екстрадираните странци, но од полицијата изјавија дека некои од нив се од Бангладеш, Индија, Малдиви и Пакистан.
Според министерот Абејвардена, земјата ја ревидира својата визна политика поради стравувањата дека странските свештеници може да го радикализираат локалното население и да се повтори крвавиот настан од 21 април, кога цел на нападите беа три христијански цркви и три луксузни хотели.
По нападите во Шри Ланка, беше објавена вонредна состојба и беше спроведена голема акција во која беа извршени домашни претреси во потрага по експлозиви и пропагандни материјали од исламистички екстремисти.
Ново на Сител
-
Македонија во Обединетите нации гласаше усогласено со ставот на САД
-
Маркетите ќе мораат да ги објавуваат цените на сите производи и на интернет
-
Што прави партизацијата и политизацијата на здравствениот систем?
-
Лекарската комора одбележува 20 години од почетокот на издавање на лиценци за работа на докторите
-
Надзорна расправа за аерозагадувањето – системот без механизам за заштита
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ достави документи до Владата
-
Меџити: Нема никаков скандал