Македонија
14. November 2017 - 14:59

Во Штип инфо ден за проектот „Подобрување на управувањето во заштитените подрачја во Македонија“

Во Источна Македонија се идентификувани околу дваесетина заштитни подрачја, а само две до четири се со голема вредност. Најголеми заштитни подрачја се Осоговските планини, Малеш и Долна Брегалница, е истакнато на денешниот Инфо ден во рамки на проектот „Подобрување на управувањето во заштитените подрачја во Македонија“ на УНДП.

Проект кординаторот на проектот за Управување со заштитните подрачја, Методија Саздов вели дека луѓето треба да се свестат за природните вредности, а со самото управување, како што рече, правеме конзервација на природата, со кои дополнително се создаваат услови за туризам, но и за брендирање на производи карактеристични за тоа подрачјето.

- Така да има повеќе аспекти, сите овие аспекти се опфатени во еден документ. Заштитените подрачја кај нас се генерално кажав или имаат или немаат подготвено документација. Во Македонија Националните паркови се најзаштитени подрачја, со најголеми вредности. Но за жал финансиите се уште доаѓаа во најголем дел од сечата на дрва. Целта на овој проект е освен заштитата, конзервацијата на природата е и да се подготват активности во насока на што поодржливо управување со самото заштитено подрачје и нормално зачувување на видовите, вели Саздов.

Сашко Јорданов претставник од Министерството за животна средина вели дека во рамки на проектот ќе бидат доделени 20 грантови, а конкурсот на кој може да аплицираат општините и невладините организации ќе биде објавен на почетокот на декември оваа година.

- Ние би сакале јавноста да биде запознаена со целите на проектот и активностите кои ќе бидат реализирани нели во рамките на проектот. Значи генерално во рамки на овој проект активностите ќе бидат насочени кон големите заштитени подрачја во прв ред Националните паркови и други споменици на природата, а тоа е трета категорија на заштитени подрачја, кои имаат воспоставена структура за управување, вели Јорданов.

Проектот се имплементира од УНДП во соработка со Министерството за животна средина, а проектот е со буџет од 4,3 милиони евра.