Македонија
3. May 2021 - 16:38

Во Штип пристигнаа 5.000 дози Синофарм

Од утре, во 8 часот наутро, во спортската сала „Јордан Мијалков“ во штипската населба Сењак, започнува масовната вакцина на жителите од истокот и југоистокот. Денес пристигнаа 5000 дози од кинеската вакцина „Синофарм“ и се складирани во фрижидери. Приоритет ќе имаат лицата на 73 годишна возраст и хронично болните кои се пријавиле преку вакцинација.мк, но термин мора да им биде закажан преку матичен лекар.

- Проценка е да се вакцинираат од 1000 до 2000 луѓе дневно. За тоа е потребно околу 50 медицински сестри, 8 доктори, тоа е за 12 часа, за цел ден и 16 администратори, кои ќе ги  внесуваат податоците . Тоа ќе го работат студентите од 5-та и 6-та година на УГД. Волонтерите од Црвен крст ќе ни помагаат на влезот да ги евидентираат во списоците од „Мој термин“ и медицинскиот персонал да ги прегледа пациентите, да им земе анамнеза и сестрите да ја аплицираат вакцината, изјави Снежана Трајковска, директорка на Здравствен дом - Штип.

80 % од медицинскиот персонал го обезбедува Клиничка болница и Здравствениот дом – Штип, а останатите 20 % се медицинари од останатите јавни здравствени установи од градовите во регионот, кои ќе се менуваат по принцип на ротација. Опремувањето на вакциналниот пункт за масовна имунизација чини 10 000 евра, средства прибрани од донација од општествено одговорни граѓани.