Македонија
15. January 2016 - 16:50

Во Штип промовиран проектот на Агенцијата за млади и спорт „Спортот и семејните вредности“

Во Штип промовиран проектот на Агенцијата за млади и спорт „Спортот и семејните вредности“. Со овој масовен проект се стимулираат спортските и семејните вредности во модерното општество, а со цел децата да се отргнат од пороците на современтот живеење, но и дојде до израз нивниот талент за професионално да започнат да се занимаваат со спорт.

- Во овие наши спортски храмови се испишувала спортската историја на Р. Македонија, а во овие нашите деца е нашата спотрска иднина и верувам дека преку реализација на вакви проекти ќе можеме да ги промовираме овие две вредности- изјави Марјан Спасески, директор на Агенцијата за млади  спорт

Со новите законски измени основните и средните училишта имаат обврска да формираат училишни спортски клубови, каде учениците активно ќе спортуваат и после наставата. Досега 15 % од учениците се членови на училишните клубови, а тенденција е тој процент да се искачи на 30.

- Секое трето дете од училишните клупи активно да се занимава со спорт-додаде Спасески

Во оваа насока е и проектот за подобрување на спортската инфраструктура и досега се изградени или реновирани 145 училишни спортски сали.