Во Штип врачено признанието „8 Ноември“ на пет добитници
Општина Штип синоќа со свечена седница на Советот на Општина Штип одбележа 75 години слобода. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски во својот говор по повод Денот на ослободувањето истакна дека на ваков значаен ден, вреди да се посака градот Штип да биде вечен и во постојан развој.
-Осми Ноември останува забележан во историјата, во пишаните документи, во духот на штипјани и во генот на идните генерации, кои живеат и ќе живеат во градот Штип, рече Бочварски.
Тој се осврна и на капиталните проекти, што претстојат во текот на наредниот период, а кои ќе му донесат развој на градот, а тоа се изградба на брана на река Отиња и гасификација на градот.
Штипскиот градоначалник на свечената седница го додели и осмоноемвриското прзинание на пет добитници. Раде Ивановски пилот на боинг 737, Ристе Љуботенски сопственик на винаријата Имако вино, Викторија Димитрова-Јованова дописник на МИА, Марија Максимова музички педагог и Државното средно музичко училиште „Сергеј Михајлов.
Ново на Сител
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево
-
Велигденска честитка на Н.В.П. д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер