Македонија
15. December 2021 - 9:37

Во Скопје 135 санкционирани возачи

На територија на Град Скопје казнети се вкупно 135 возачи, во рамки на вчерашната акциска контрола во областа на сообраќајот.

Како што соопштија од МВР од нив, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 14 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола и пет за нерегистрирани возила.

– Изречени се шест мерки за непочитување на првенство на минување, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 32 за непрописно паркирање, стои во соопштението.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.