Бизнис
8. April 2019 - 8:31

Во Скопје меѓународна конференција за внатрешна контрола и ревизија

Размена искуства во делот на внатрешна контрола и внатрешна ревизија во јавниот сектор, е целта на меѓународната конференција што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на PEMPAL – IACOP.
 
Најавено е учествуво на над 70 претставници од министерствата за финансии од Јужна Америка, Африка, Западна Европа и од државите од поранешниот Советски сојуз.
 
Пред нив ќе се обрати министерот за финансии Драган Тевдовски.