Кошарка
29. July 2016 - 8:42

Во Скопје започниува ЕП за кошаркари до 18 години

 
Од денеска до 7 август, Скопје ќе биде домаќин на Европското првенство за кошаркари до 18 години, дивизија Б. 
 
На шампионатот чии натпревари ќе се играат салите на спортсцките центри „Борис Трајковски’’, „Јане Сандански“ и „Кале’’, покрај јуниорската репрезентација на Македонија ќе настапат уште 23 селекци. 
 
Во првата фаза репрезентаците ќе бидат поделени во четири групи и тоа: 
А група: Македонија, Бугарија, Ирска, Унгарија, Полска и Кипар.
 
Б група: Романија, Белгија, Белорусија, Португалија, Црна Гора и Австрија.
Ц група: Естонија, Чешка, Исланд, Луксембург, Данска и Холандија. 
Д група: Албанија, Англија, Словачка, Шкотска, Украина и Грузија. 
 
Прво пласираните две селекции од групите ќе се пласираат во четврфиналето, додека трето и четврто рангираните ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место, а двете последно рангирани селекции ќе играа за пласман од 17 до 24 место.
 
Пласман во А дивизијата ќе обезбедат првопласираните три репрезентации, додека последно пласираната селекција се сели во Ц дивизијата.
 
Македонските кошаркари своите натпревари ќе ги играат во СЦ „Борис Трајковски“ во терминот од 18 часот и 45 минути, а денеска во 1.коло за противник ќе ја имаат репрезентацијата на Бугарија.