Балкан
19. March 2020 - 16:02

Во Словенија бројот на заразени со коронавирус се зголеми на 319 лица

Продолжува да се зголемува бројот на лица заразени со коронавирусот во Словенија, а според последните информации тој изнесува 319, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Како што објавија од Институтот за јавно здравје во однос на вчера, ова претставува зголемување за 33 заразени лица. Во моментов на Универзитетскиот клинички центар во Љубљана, поради Ковид-19 хоспитализирани се 21 пациент, од кои пет се наоѓаат на интензивна нега, а две лица поради подобрување на состојбата се пуштени на домашно лекување.

Од полноќ стапуваат на сила новите заштитни мерки кои ги донесе Владата, меѓу кои е забраната за јавни собири на повеќе од пет луѓе, а се затвораат сите детски игралишта во државата.

Од утре маркетите ќе бидат со скратено работно време, а наутро приоритет за пазарење ќе имаат пензионерите, инвалидите и бремените жени.