Балкан
20. December 2015 - 11:18

Во Словенија референдум за геј бракови

Граѓаните на Словенија денеска се изјаснуваат на референдум за геј бракови односно за тоа дали бракот може да се дефинира како заедница на две лица наместо како заедница на маж и жена, а на геј паровите да им се даде право да посвојуваат деца.

Гласачките места беа отворени во седум часот утрово, но во првиот час ниту еден од 1,7 милиони регистрирани избирачи не се појави да гласа.

Словенечкиот парламент во март усвои закон со кој дефиницијата брак е променета во „заедница на две лица“ наместо „заедница меѓу маж и жена“ со што хомосексуалните парови добија права како и хетеросексуалните вклучително и право да посвојуваат деца.

Противниците на тој закон веднаш покренаа кампања и успеаја да соберат 40.000 потписи неопходни за референдум.

Законот ќе биде повлечен ако на референдум излезат барем 20 отсто гласачи и мнозинството се изјасни – против.