Во Словенија регистрирани повеќе случаи на глувчја грозница
Во Словенија оваа година регистрирани се неколку десетици случаи на хеморагична треска или глувчја грозница, која се пренесува преку контакт со заразени глодари, соопштија словенечките здравствени власти, препорачувајќи примена на заштитни мерки.
Националниот институт за јавно здравје соопшти дека до 16 мај оваа година регистрирани се 75 потврдени случаи на оваа болест за која нема вакцина, а која во некои случаи може да биде смртоносна за пациентите.
Од заразените 75 пациени, 59 се машки, а 16 се жени, најмногу во југоисточниот дел на земјата.
– Болеста на подрачјето на Словенија првпат е дијагностицирана во 1954 година. При лесен облик нема посебни здравствени последици, но во одредени случаи може да биде и смртоносна, а против неа не постои вакцина, изјави др Марта Кошир од Институтот за јавно здравје.
Оваа болест се одвива во неколку фази, а карактеристични симптоми се висока температура, силна главоболка и болка во предниот дел на стомакот.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во тешка сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк