Македонија
31. July 2020 - 20:57

Во сообраќајка во Преспа загина 60-годишна жена, тешко повредено е 10-годишно девојче

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево во Преспа. Во несреќата загина едно лице, а три лица се потешко повредени, меѓу кои е и девојче од 10 години.

Животот го загуби жена од 60-години, а со тешки повреди се здобиле девојче од 10 години, и маж од 40 години.

Лицата првично се пренесени во Клиничката болница во Битола но поради тешките повреди се однесени во Скопје.