Балкан
25. April 2020 - 17:39

Во Србија 7 лица починаа, а регистрирани се 296 новозаболени од коронавирус

Србија досега има евидентирано 7.779 заразени лица со новиот коронавирус, од кои 151 починат и 1.152 излекувани граѓани.

Во изминатите 24 часа, првпат се тестирани над пет илјади граѓани или 5.051 лице, од кои бројот на позитивни на вирусот изнесува 296 лица, со што вкупно во Србија со Ковид-19 заразаени се 7.779 граѓани, изјави на владината прес- конференција покраинскиот секретар за здравство Зоран Гојковиќ.

Вкупниот број тестирни лица заклучно со денеска во Србија изнесува 59.938 лица, а досега се излекувани 1.152 пациенти.

Во „ковид болниците“ и привремените центри хоспитализирани се 3.135 пациенти, од кои 91 лице со влошена клиничка слика се ставени на респиратор.

Србија имаше најтешка ноќ, бидејќи од вирусот починаа седум лица, четири мажи и три жени, со што вкупниот број на починати се искачи на 151 лице, од кои четири починати лица се пациенти од Герантолошкиот центар во Ниш, ињстакна Гојковиќ.

Објаснувајќи ја тешката состојба со Герантолошките центри и институции за социјална заштита, лекарката Дарија Кисиќ наведе дека епидемијата е проширена во 30 институции, со евидентирани 531 заразени штитеници и 131 вработен, од кои најтешка е ситуацијата со герантолошкиот центар во Ниш со 169 заразени лица, од кои синоќа починале четири лица, а според Гојковиќ ново жариште е домот за стари лица во градот Неготин со 30 нови случаи.

По почетокот на производството на лекот хлорокин во „Галеника“, наскоро во Ниш ќе се започне со производство и на тестови за новиот коронавирус, најави претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж.

Во Србија во сила е забраната за движење за време на викендот, која почнува в петок во 18 и трае до понеделник до пет часот, а од понеделник продолжува да се ублажуваат мерките со продолжување на слободата на движење за постарите лица, враќање на меѓуградскиот превоз, а ќе биде дозволена и работата на пазарите во затворен простор, фризерските и козметичките салони, фитнес центрите и вежбалниците.