Балкан
2. November 2020 - 15:21

Вo Србија 802 новозаболени од коронавирус, седуммина починати

Според последните информации, во Србија се регистрирани вкупно 49.205 потврдени случаи на Ковид-19. Од последниот извештај, тестирани се примероци од 7.487 лица, од кои 802 се позитивни.

Во последните 24 часа починале 7 лица, а вкупниот број на починати е 833.

Во моментов има 57 пациенти на респираторни машини.