Во Србија се очекуваат над 2.000 заболени, речиси пополнети капацитетите на болниците во Белград
Сосотојбата со епидемијата со Ковид-19 во Србија се влошува, денеска се очекуваат над 2.000 заболени, а во болниците во Белград има места уште за денеска и утре.
Премиерката Ана Брнабиќ изјави дека денеска се очекуваат над 2.000 инфицирани со новиот коронавирус, од кои, според неа, повеќе од 1.000 се само во Белград.
– Епидемиолошката состојба во земјата, без сомнение, ќе се влошува. Секој ден е важен за нас сè додека не ги завршиме двете нови ковид болници (Батајница и во Крушевац). Тогаш ќе биде полесно за нашиот здравствен систем, а тоа ќе биде во декември, изјави Брнабиќ.
Таа најави дека здравствените работници ќе добијат еднократна награда од 10.000 динари (85 евра) до крајот на годината.
Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар денеска изјави дека во изминатите 24 часа на болничко лекување се задржани 400 пациенти и дека 150 лица од тој број се задржани во Белград.
Лончар предупреди дека состојбата во болниците е алармантна и дека во Белград има уште 300 слободни места „за денеска и утре“.
Поради големиот број дневни приеми на пациенти во болниците, Лончар оцени дека постои опасност да се исцрпат капацитетите на здравствениот систем, бидејќи непостои неограничен број на обучен здравствен персонал.
Со коментар денеска се јави и епидемиологот д-р Предраг Конкој, кој наведе дека моменталната епидемиолошка состојба во главниот град на Србија е таква што бројот на заразени е 10 пати поголем од она што го покажуваат бројките и дека Белград ќе биде место од кое вирусот ќе се шири во други краеви.
Тој посочи дека Србија не смее да дозволи полнење на болниците со пациенти и да се случи повеќе да нема места.
Ново на Сител
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто