Македонија
28. July 2021 - 12:53

Во Струмица вакцинирани 100 лица во домашни услови

Мобилните тимови на струмичкиот здравствен дом до сега вакцинирале 100 лица во домашни услови. Овој начин на вакцинација здравствениот дом го спроведува од 1 април годинава, од кога сите стари и немоќни, но и лицата кои не се во  можност физички да ги посетат вакциналните пунктови им се овозможува да бидат имунизирани во  нивните домови.Паралелно со овој процес, тече слободната,  но и теренската вакцинација во руралните средини  во кои за 14 дена вакцина добиле над 850 граѓани.

За граѓаните вакцината е единствениот начин да се победи корона вирусот и токму затоа одлучиле да се имунизираат.

Во изминатиот период на имунизација против ковид 19 се одлучиле  и 18 лица помлади од 18 години.