Македонија
8. November 2018 - 10:57

Во судар на мопед и возило на патот Подмоље - Кичево загина мотоциклист

Вчера околу 19.10 часот на магистралниот пат село Подмоље-Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Цитроен ксара“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(21) од село Црвици, кичевско и мопед „АПН 4“ без регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(40) село Мешеишта- општина Дебарца. 

Од здобиените повреди на местото починал возачот на мопедот Г.Б., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и

увидна екипа од СВР Охрид.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.