Свет
26. јуни 2016 - 12:01

Во судир меѓу ИД и авганистанските безбедносни сили загинаа најмалку 47 луѓе

Најмалку 47 луѓе загинаа, од кои осум цивили во борбите меѓу авганистанско-пакистанското крило на Исламска држава и силите за безбедност во источната авганистанска провинција Нангархар, соопшти канеларијата на гувернерот на провинцијата.

Меѓу загинатите цивили четири се деца и три жени. Во судирите во петокот убиени се и двајца припадници на авганистанските безбедносни сили.

Повредени се седум цивили, тројца припадници на силите за безбедност и 23 борци на ИД.

Околу 30 цивили, меѓу кои жени и деца се киднапрани по судирите.