Македонија
21. December 2020 - 14:47

Во Свети Николе запленети 3787 парчиња пиротехнички средства

Денеска (21.12.2020) полициски службеници од ОВР Свети Николе на подрачјето на Полициската станица Свети Николе спроведоа контрола со цел спречување на трговија и употреба на пиротехнички средства. Притоа, кај два правни субјекти во Свети Николе пронајдени и одземени се 3787 парчиња пиротехнички средства.

По документирање на случаите,  ќе следат соодветни поднесоци.