Свет
7. March 2021 - 9:38

Во светот над 117 милиони луѓе инфицирани со Ковид-19

Од почетокот на пандемијата во светот 117.081.668 луѓе се инфицирале со Ковид-19, а активни се над 21,8 милиони случаи, покажуваат податоците на сајтот „Ворлдометерс“ (Worldometers).

Од последици на вирусот починале 2.600.048 луше, а оздравеле 92.655.967.

Најголем број на заразени со Ковид-19 се регистрирани во САД – над 29,6 милиони, потоа следи Индија со повеќе од 11,2 милиони лица, Бразил – над 10,9 милиони, Русија – повеќе од 4,3 милиони и Велика Британија со над 4,2 милиони лица.

Најмногу смртни случаи се забележани во САД – над 537.000, во Бразил – повеќе од 264.000, во Мексико – над 190.000 и во Индија од последици од Ковид-19 починале поовеќе од 157.000 луѓе.