Здравје
20. September 2015 - 12:47

Во Тајланд патентиран ефикасен тестер на Дауновиот синдром

Научниците од тајландскиот Оддел за медицински науки денеска соопштија дека патентирале нов начин за тестирање на потенцијално заболените деца од Дауновиот синдром, за кој не е потребна анализа на клетките на родителите, ниту на плодот.

Тестот ќе се прави со инструменти комбинирани со делови што се произведуваат во Тајланд, но и во странство, а ќе се употребува специјална течност за реагенс.

По комплетирањето на опремата за тестирање, која може да потрае до шест месеци,  ќе се екпериментира на неговата ефикасност на околу 200 доброволци. Резултатите од тестирањето ќе бидат познати за најмногу два дена, за разлика од сегашните на кои се чека неколку недели.

Во Тајланд годишно има по 500 случаи на новородени деца со Даунов синдром. На тестирање за можната опасност од оваа болест годишно се пријавуваат по 45.000 двојки, но сегашните конзервативни методи и недовлната обученост на кадарот дозволуваат тестови да се извршат на најмногу 20.000 брачни партнери.

Новиот тест треба да помогне бројката на заболени деца да се сведе на помалку од 100 случаи годишно. Со тестот одлуки за идниот пород ќе можат да носат брачни двојки кои генетски се потенцијални носители на синдромот, но поважно од тоа е што и кај новороденчињата поефикасно ќе се открива појавата на Дауновиот синдром, така што на време ќе можат да спречат појавите на оштетувањето на мозокот кај нив.