-->
-->
Во Тетово фатени тројца Косовци без документи за идентификација
-->
Тројца државјани на Косово Ј.А.(20), Р.С.(23) и А.С.(21) вчера околу 1 часот по полноќ биле приведени од полицијата поради немање документи за идентификација и нерегулиран престој во нашата земја.
- Тројцата биле во алкохолизирана состојба и со видливи повреди кои претходно ги задобиле, според нивното кажување, при физички напад кој се случил во угостителски објект во Тетово, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Тој поосчи дека по приведувањето и задржувањето во полиција денеска ќе бидат предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, додека напоредно со тоа се преземаат мерки и активности за расветлување на тоа, како и од кого биле повредени пред приведувањето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани