Македонија
27. December 2019 - 10:39

Во Тетово приведен осуденик од Штип

Синоќа околу 21 часот на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 42-годишниот Н.К. од Штип, осуден на едногодишна затворска казна.

Н.К. бил спроведен во Казнено-поправната установа „Штип“ во Штип.