Свет
16. November 2020 - 11:19

Во Украина речиси 10.000 нови случаи на коронавирус

Во Украина се потврдени нови 9.832 случаи на коронавирус, соопшти денеска украинското Министерство за здравство.

Тестирани се 33.486 лица, а меѓу пациентите имало 354 деца и 360 здравствени работници, наведе Министерството.

Во последните 24 часа, 94 лица починаа како резултат на вирусот, а најголем број позитивни случаи има во главниот град Киев. Хоспитализирани се 1.100 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Украина, 545.689 лица биле тестирани позитивни, додека 9.697 починале од Ковид-19.