Свет
12. December 2016 - 18:16

ОН: Во украинскиот судир досега се убиени повеќе од 10.000 лица

Повеќе од 10.000 лица се убиени во судирот во Украина, изјави денеска високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад Ал Хусеин.

Високиот претставник го претстави 16-от извештај на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права (ОХЦХР) за ситуацијата во источна Украина.

- Бројот на жртви во септември опадна во однос на август. Заради обновените гранатирања во октомври бројот на цивилни жртви нарасна на нивоата од текот на летото. Во ноември и на почетокот на декември, овие бројки повторно опаднаа. Се надевам дека таквиот тренд ќе продолжи, изјавио Хусеин, пренесуваат руските медиуми.