Во Василево асфалтирана улицата од црквата до фудбалското игралиште

Во Василево денеска заврши асфалтирањето на улицата која води од црквата кон фудбалското игралиште. Градоналачникот Ванчо Стојанов, вели дека со денешната активност, привршува реализацијата на планираното со Програмата за изградба на патишта и улици во Општина Василево.
- Улицата истовремено претставува и конекција за пристап кон земјоделското земјиште, поради што дел од средствата во висина од 1.000.000 денари се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2016 година. Вкупниот буџет за реализација на улицата изнесува околу 2.200.000 денари од кои 1.200.000 денари општината ги обезбеди од сопствените приходи, рече Стојанов.
Улицата е со должина од околу 370 метри и ширина од 4 метри. Изведувач на работите е градежната компанија „Жикол“ од Струмица.
Ново на Сител
-

Кампања за заштита од пожари на Плоштад Македонија
-

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка
-

Евроамбасадорот Рокас во посета на Собранието
-

Сончево и топло
-

Десет милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти во наредните 10 години: Владата најавува сериозен развоен потенцијал
-

Миленкоски задоволен од стартот на македонските одбојкари во Европската лига
-

И Израел и Иран се заканија со нови пожестоки напади ако не се почитува примирјето
-

УХМР: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните и југозападните делови од државава
