Македонија
13. January 2017 - 20:42

Во Велес поделена хуманитарна помош за социјално ранливи семејства

Волонтери на Општискиот Црвен крст и патронажната служба на ЈЗУ Здраствениот дом од Велес денеска поделија хуманитарна помош за 13 социјално ранливи семејства во Велес и Населбата Превелец.
 
Помошта, според Миле Маџаров секретар на Општинскиот Црвен крст, помошта била доделена согласно договореното на состанокот на Општинскиот штаб од 11 ти јануари годинава, помеѓу Црвен крст Велес и ЈЗУ Здравствен дом од Велес, за заедничко дејствување за помош на ранливо население по повод студениот бран.
 
-Нашите и активисти на патронажната служба на ЈЗУ Здраствен дом денеска во Велес и Населбата Превалец посетија 13 семејства евидентирани во Центарот за социјална работа - самохрани мајки со мали деца, многудетни семејства во неповолна материјална состојба на кои итно им беше неопходна хумантарна помош во прехранбени артикли и ќебиња, информира Маџаров.