Македонија
19. October 2020 - 17:09

Во Велес се уште не е исполнет капацитетот на Инфективното одделение при Општата болница

 На Инфективното одделение при велешката Општа болница денеска се примени на лекување уште двајца пациенти од Велес, со што бројката од вчерашните 35 денеска се искачи на 37 пациенти, од кои 31 се потврдени и шест сомнителни и чекаат резултати од тест. Од пациентите 15 се на кислородна поддршка.

Како што информира за МИА д-р Весна Неделковска Николова капацитетот на леглата не е целосно исполнет затоа што постоечкиот капацитетот на ова одделение од 35 легла на Инфективно минатата недела беше зголемен на 54 легла.

Од 37 пациенти моментално на ова одделение 22 се од Велес, а останатите од градовите од Повардарието од каде се лекуваат пациенти во ова одделение – од Свети Николе осум, од Кавадарци двајца, Градско четири и еден пациент од Демир Капија.

Таа за МИА појасни дека моментално на оваа одделение има доволно лекари кои се грижат за болните од коронавирусот, бидејќи освен од ова одделение таму помагаат и лекари од уште некоку одделенија на велешката болница како и медицински сестри од сите одделенија на болницата.

Министерството за здравство денеска објави нови четири случаи на Ковид 19 во Велес, а активни 99 лица. Троја од пациентите кои биле на домашно лекување се излекувале.