Македонија
23. November 2020 - 14:58

Во велешката болница уште еден починат како последица од Ковид-19

Во велешката болница во изминатото деноноќие починал уште еден пациент на 71 година од Велес, потврдено позитивен на Ковид-19.

Како што информира портпаролот на болницата д-р Весна Неделковска Николова, на трите одделенија со пациенти со Kовид-19 хоспитализирани се вкупно 80 пациенти, од нив 63 потврдени позитивни, 9 сомнителни и 8 со негативни тестови. Вкупно 28 пациенти се на кислородна поддршка.

На Инфективно има 51 пациент, на Физикална 18 и на Интерно 11 пациенти. На сите три одделенија има уште по некој слободен кревет.