Македонија
8. December 2020 - 9:09

Во велешко вчера три сообраќајќи, неколкумина повредени

Во велешко во текот на вчерашниот ден се случија три сообраќајќи несреќи во кои има повредени неколку лица.

Во сообраќајната несреќа што се случи вчеравечер  во 18:25 минути во месноста Долги рид пред Чашка повредени се две лица. Како што информира за МИА д-р Василка Пановска Поп Стефанова началник на Брза помош, во сообраќајката 64-годишен маж се здобил со повреди на глава, колено и надлактицата, а лесно повреден е и маж на 60 години. По укажаната прва помош од екипата на Брза помош тие биле пренесени во хурушки амбуланти на велешката болница. Според информациите на д-р Весна Неделкова Николова по укажаната помош тие се оставени на посматрање 24 часа во велешката болница.

Вчеравечер  имало уште една сообраќајка меѓу две возила на стариот пат Велес-Градско кај Винарија „Стоби“ потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. 

Началникот на Брза Помош д-р Пановска Поп Стефанова инфоррмира дека во судир на две возила има тројца повредени од двете возила, жена, маж и  младо момче  на 25 години.

-Жената е потешко повредена, со отворена повреда на глава и повреда на граден кош, мажот бил со болка во градите, а младото момче со крварење од нос и мала градна болка. По укажаната лекарска помош на лице место, тие итно се префрлени во Хирушката амбуланта на велешката болница, изјави д-р Пановска Поп Стефанова.

Портпаролот на болницата д-р Неделковска Николава информира дека овие тројца пациенти се уште се на испитувања и снимања во велешката болница.

Инаку вчера  во 11:30 часот имало сообраќајка на патот Катланово-Велес. Како што информира д-р Пановска Поп Стефанова во оваа сообраќајка имало поврeден маж на 64 години со повреди на клучна коска и надлактица. Повредениот бил во свесна состојба и по укажаната прва помош итно бил пренесен во Хирургија во велешката болница на понатамошно лекување.