Свет
30. November 2017 - 18:55

Во Венецуела уапсен поранешниот министер за нафта

Во рамките на голема антикорупциска истрага, венецуелските власти синоќа ги приведоа поранешниот министер за нафта Еулохио дел Пина и поранешниот директор на државната нафтена компанија „ПДВСА“ Нелсон Мартинез.

Се уште не се знаат причините поради кои се задржани Пино и Мартинез, а според неименуван извори, двајцата се приведени поради испитување. 

Се очекува денеска државниот обвинител Терек Саб да се обрати на јавноста во однос на приведувањето на поранешниот министер за нафта и поранешниот директор на „ПДВСА“.