Свет
1. September 2020 - 10:56

Во воздушен напад во околината на Дамаск загинаа најмалку 11 лица

 Најмалку 11 лица загинаа во воздушен напад извршен од страна на Израел во јужниот дел на Дамаск.

Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека загинале седум припадници на проиранската милиција од несириска националност, како и тројца провладини војници, вклучително и еден офицер од воздухопловните сили.

Нападот предизвика и голема материјална штета.

Цел на нападот биле провладините трупи и проиранските милиции во Кисва, околината на меѓународниот аеродром Дамаск и Бригадата за противвоздушна одбрана во Ал-Хејана, јужно од главниот град Дамаск, како и делови од Дараа во југо-западна Сирија.

Претходните израелски напади против Сирија, наводно, имале за цел да го спречат Иран, еден од главните сојузници на сирискиот претседател Башар ал-Асад, во градење на своето воено влијание во регионот.