Свет
2. February 2020 - 9:45

Во Вухан изградена болница за 1.000 пациенти заразени од коронавирус

Властите во кинескиот град Вухан изградија болница со илјада легла за третман на пациенти заразени од коронавирус.

Градоначалникот на Вухан, Џоу Сијанванг утрово ја предаде на војската новата болница Хушеншан, чии што 1.400 здравствени работници ќе почнат со работа од утре, пренесува Си-Ен-Ен.

Според кинеските медиуми, болницата е монтажна и може да се изгради за шест дена

Исто така, се гради уште една болница – Леишеншен, која ќе биде отворена на 5 февруари, така што двете заедно ќе имаат 2.600 кревети.

Во Кина не е првпат да се градат болници за краток временски период. Во 2003 година, за време на епидемијата САРС, беше изградена болница за шест дена.