Македонија
18. April 2017 - 10:48

Водостоите на реките пониски од априлскиот просек

Водостоите на реките низ Македонија се пониски од просекот за април, соопшти УХМР.

Според неделните хидролошки мерења, нивото на Вардар кај Јегуновце е 60 до 106 сантиметри за разликла од априлскиот просек кој изнесува 122, кај Велес е речиси преполовено, кај Скопје се движи од 32 до 53, а просекот е 79,...

Драстично понизок од просекот за април е водостојот на Црна Река кај Новаци.

Мерењата покажуваат и двојно пониски нивоа на реките Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања и на Крива кај Крива Паланка нивото е двојно пониско.