Војниците кои се враќаат од мисии во странство ќе бидат во карантин
Припадниците на Армијата на Македонија кои се враќаат од мировни мисии и вежбовни активности во странски држави ќе бидат спроведени во карантин во објектите и касарните, одлучи Владата на денешната 30-та седница.
Владата на денешната седница, исто така, го разгледа и усвои записникот од Дванаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување на целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирусот.
Седум припадници на Армијата кои се дел од НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан се враќаат во земјава. Како што соопшти вчера Министерството за одбрана нивното враќање ќе се реализира со специјален лет на хрватската компанија „Croatia Airlines“ организиран од Владата на Република Хрватска со цел враќање на нивните 11 припадници во меѓународната мисија во Авганистан.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк