Loading Video...
Свет
25. October 2021 - 16:33

Војската на Судан ја укина цивилната власт, ги уапси политичките лидери и прогласи вонредена состојба

Воените сили на Судан рано утрината го упасиле премиерот Абдула Хамдок и други членови на преодната цивилна влада во земјата.

Неколку часа подоцна објавија дека ја укинале цивилната власт и прогласија вонредна состојба. Потегот на армијата доведе до протести ширум земјата а во главниот град Картум дојде и до судири меѓу демонстрантите и војската. Повредени се 12 лица.

Апсењата доаѓаат по неколкунеделни зголемени тензии меѓу цивилните и воените лидери на Судан.

Генералниот секретар на Арапската лига ги повика сите страни да се придржуваат до договорот за поделба на власта од август 2019 година.