Македонија
27. September 2017 - 18:10

Волонтерски активности на вработените во ЕВН Македонија

Вработените на ЕВН Македонија во рамки на волонтерските активности за доброто на заедницата денеска подготвуваа храна за социјално загрозените лица во црквата „Гласност“ во Скопје.

Активноста, на која поддршка даде и Маркус Брандштетер, управител на ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ.

„Светлина =  Живот” е насловот на активноста на тимот од КЕЦ Штип. Оваа волонтерска активност овозможи замена на сите нефункционални светилки во и надвор од објектот во детската градинка „Рахилка Гонева” во Свети Николе.

Членовите на тимот КЕЦ  Делчево ги бојадисуваа и освежуваа столбовите за улично осветлување во центарот на градот, а тимот од КЕЦ  Кочани работеше на поправање на оградата и поставување на врати на фудбалското игралиште во село Зрновци.

Од ЕВН Македонија планираат да учествува во уште многу разновидни волонтерски активности и со тоа да го поддржи развојот на општествената одговорност во земјава.