-->
-->
Вооружен грабеж во банка во центарот на Атина
-->
– Две непознати лица претпладнево извршиле вооружен грабеж во банка во строгиот центар на Атина, одзеле непознат паричен износ и побегнале, јави дописничката на МИА од Атина.
Според грчката телевизија Мега, едниот со пиштол, а другиот со калашников им се заканиле на вработените и клиентите, во банката останале околу две минути, а откако ги земале парите, побегнале пеш.
Грабежот се случи околу 12 часот напладне во филијала на банка што се наоѓа на една од попрометните улици во строгиот центар на Атина, во период кога постои голема раздвиженост, не само на грчките граѓани, туку и на туристи.
Во тек е акција на полицијата за пронаоѓање и апсење на сторителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица