Македонија
21. September 2017 - 13:58

Вооружен напад во скопски маркет - вработените преживеaа пекол

Во секторот за внатрешни работи-Скопје вчера вечерта било пријавено дека околу 21 часот и 45 минути на улицата “Јани Лукровски“ во продавница на "Стокомак" било извршено разбојништво од страна на три непознати маскирани лица кои со физичка сила ја отвориле железната решетка и влегле во продавницата, каде што биле вработените кои го пребројувале дневниот промет.

Сторителите со закана со огнено оружје им одзеле околу 30.000 денари, по што го напуштиле местото на настанот.

Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје бил извршен увид и се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата како и целосно расчистување на случајот.