Живот
3. April 2019 - 11:16

Воспитувачка од пеколот: Бебето не сакаше да заспие па легна врз него и го задуши, хорор во градинка во Тајван

Една воспитувачка од Тајван наводно задушила бебе така што легнала врз него во детска градинка.

Вознемирувачката снимка наводно покажува како воспитувачката Лиао (40) лежи врз дете кое има 11 месеци во градинка во градот Тајпеј.

Лиао, која е притворена под обвинение за убиство, тврди дека мислела дека бебето заспало кога престанало да мрда. Тогаш воспитувачката станала и отишла да си игра со друго дете, додека жртвата покрај неа останала неподвижна.

Детето го пронашол готвачот Ву (61) кој се обидел да го разбуди, а потоа повикал полиција.

Лиао е пуштена со кауција од 30.000 тајвански долари (околу 870 евра).

Istraga je nastavljena, a za danas je zakazana obdukcija.